Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Симпсон во жолт мини фустан по нејзиното драстично слабеење

Џесика Симпсон во жолт мини фустан по нејзиното драстично слабеење

Џесика Симпсон се гордее со своето тонирано тело.

42-годишната пејачка и актерка беше фотографирана во кратко жолто фустанче додека излегуваше во Њујорк. Претходно, Симпсон беше „уловена“ од објективите на папараците во кожен црн фустан.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон

По раѓањето на третото дете, во 2019 година, Џесика тежела 109 килограми, но успеа да намали 45 килограми по третпат во животот. За тоа ѝ биле потребни три години, но таа вели дека се гордее со себеси.

Џесика Симпсон

„Имам добиено и изгубено 45 килограми трипати, па никогаш не помислував дека овој момент може да се случи, но конечно сум на пролетен одмор носејќи БИКИНИ!!! Напорна работа, посветеност, љубов кон себеси. Уживав во добро плачење од гордост“ – напиша таа на фотографија на која позираше во бикини минатата година.

Џесика Симпсон

„Се работи за тоа како се чувствуваш. Но, не се случува преку ноќ, мора да бидеш трпелив и нежен кон себе, да се сакаш себеси“ – рекла таа во интервју.

Џесика Симпсон

Според RadarOnline, познатата мајка на три деца продолжила да слабее од 2019 наваму, а нејзините најблиски биле загрижени поради нејзиниот изглед кој „не изгледа здраво“.

Сепак, во интервју во септември минатата година, Џесика изјави дека се чувствува здраво и дека има многу повеќе енергија отколку пред слабеењето.

„Апсолутно се чувствувам здраво. Се чувствувам како пред да имам деца и пред сите хормони да ми полудат. Всушност, се чувствувам помлада. Имам многу повеќе енергија и да, можам да ги носам сите алишта што ги имав складирано за Максвел и Брди“ – рекла таа.

Џесика имаше нагло зголемување на тежината за време на секоја од трите бремености. По раѓањето на третото дете таа тежела 109 килограми, но со помош на нејзиниот личен тренер, успеа повторно да се врати во форма.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20810 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.