Џони Деп растреперува женски срца и во шестата деценија од животот. Холивудската ѕвезда заведува од страниците на новото издание на „Details“.
На фотографиите зад кои стои Марк Селиџер, Деп позира во свој стил. Во интервјуто за машкото списание, 51-годишниот актер споделил како гледа на човековото постоење. „За сите нас часовникот отчукува. Важно е дали ќе седиш зјапајќи во часовникот со страв од крајот, што нема смисла, или едноставно ќе живееш“ – вели тој.
Наскоро во кината ќе започне да се прикажува новиот филм на Деп, „Into the Woods“. За новата улога тој коментира: „Ме восхитува начинот на којшто му пријдовме на Големиот лош волк. Има прекрасен црн хумор.“
Покрај актерството, Деп не ја занемарува музиката. Погледнете го видеото во кое шармантниот актер свири на гитара додека го снима едиторијалот: