Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Ријана, Бруно, Џастин на ревијата на Victoria’s Secret

ФОТО/ВИДЕО: Ријана, Бруно, Џастин на ревијата на Victoria’s Secret

Вчерашното шоу на Victoria’s Secret освен по феноменалните костими, ќе остане запаметено и по настапите на Ријана, Бруно Марс и Џастин Бибер.

Ријана украде голем дел од вниманието на публиката со два настапи. 24-годишната пејачка прво воодушеви со изведба на хитот „Diamonds“. Со црн корсет и здолниште од Адам Селман, Гучи чизмички и Шанел винтаж очила и ѓердан со бисери, Ријана изгледаше секси и моќно. Танцувајќи таа ги придружуваше ангелите додека дефилираа на пистата.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

За време на второто појавување на сцената Ријана за првпат ја испеа во живо „Fresh Off the Runway“ од новиот албум „Unapologetic“. Розовиот аутфит повторно беше од Адам Селман, а розовите чизмички од Маноло Бланик.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Бруно Марс со својот бенд ја раздрма сцената со хитовите „Locked Out Of Heaven“ и „Lost“.

Бруно Марс Бруно Марс

Џастин Бибер во придружба на гитарист ја испеа „As Long As You Love Me“, а потоа со група танчари се разигра на пистата додека ја пееше „Beauty and the Beat“.

Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер

Погледнете како изгледаа нивните настапи и дел од ревијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20814 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.