Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Што подготвуваат од „Victoria’s Secret“ за големото шоу?

ФОТО: Што подготвуваат од „Victoria’s Secret“ за големото шоу?

Гламурозното шоу на „Victoria’s Secret“ ќе се одржи утре во Њујорк и речиси сè се држи во тајност. Сепак, благодарение на фотографиите на WWD, имаме можност да ѕирнеме дел од костимите со кои ангелите ќе дефилираат на спектакуларната ревија.

Највпечатлив веројатно ќе биде костимот на Алесандра Амбросио кој ќе го вклучува градникот од 2,5 милиони долари.

Шоуто на VSГрадникот од 2,5 милиони долари

Но, од VS подготвуваат и други изненадувања, како блескавиот костим кој ќе ја одбележи нивната 10-годишната соработка со Swarovski Elements. Деликатниот костим, кој вклучува многу кристали и мониста сошиени на мрежа со боја на кожата за да изгледаат како да лебдат во воздухот, ќе го носи манекенката Камерон Расел.

Шоуто на VSКостимот по повод 10-годишнината со Swarovski Elements Шоуто на VS Шоуто на VSОбувки од Николас Кирквуд со сваровски кристали Шоуто на VS Шоуто на VS

Друго парче кое сигурно ќе го привлече вниманието е скапоцена глава од питон, изработена од обоени сваровски кристали и винтиџ скапоцени камења. Клучните елементи на блескавата глава се очи позајмени од препаратор на животни.

Шоуто на VS

На шоуто ќе бидат презентирани вкупно 65 костими и 28 пара ангелски крилја. За музичкиот дел на шоуто ќе се погрижат Ријана која ќе пее за време на сегментот „Dangerous Liaisons“, Џастин Бибер кој ќе ги забавува присутните за време на „Pink is Me“ и Бруно Марс кој ќе настапи за време на сегментот „Calendar Girls“.

Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.