Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Комплетното шоу на Victoria’s Secret 2012

ВИДЕО: Комплетното шоу на Victoria’s Secret 2012

Ревијата на „Victoria’s Secret“ е волшебен спектакл кој ги сели гледачите во светот на фантазиите. Театралната презентација на ангелските костими од страна на некои од најзгодните жени на светот беше спој на мода, музика и убавина.

На модната писта прва зачекори Адријана Лима, и тоа само осум недели по породувањето. Жешката манекенка поттикна бурни аплаузи кои не стивнаа до самото финале.

На екстравагантното шоу беа презентирани 65 фантастични костими и 28 волшебни ангелски крилја во рамките на пет секции: „Circus“, „Dangerous Liaisons“, „Calendar Girls“, „Pink Is Us“, „Silver Screen Angels“ и „Angels in Bloom“.

Покрај Лима, на ревијата воодушевија и Миранда Кер, Кендис Сванапул, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Линдзи Елингтон, Ерин Хедертон, Беати Принсло, Карли Клос, Барбара Палвин и многу други кралици од модните писти.

Музичките настапи на Ријана, Бруно Марс и Џастин Бибер дополнително ја зголемија еуфоријата во и така жешката ноќ. Ревијата беше снимена на 8 ноември, но за првпат беше прикажана за нетрпеливите гледачи на 4 декември. Уживајте:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.