Бијонсе и Џеј Зи ја започнаа музичката турнеја „On The Run“ во Мајами. Славниот брачен пар ги почести присутните со 42 хита, сексапилни танци и видеа кои ја креваат завесата на нивниот приватен живот.
Додека ја изведуваа песната „Forever Young“, Бијонсе и Џеј Зи за првпат им покажаа на фановите дел од свадбеното видео снимено пред 6 години.
Исто така, тие ја израдуваа публиката со кратки снимки од Блу Ајви – од нејзиното раѓање, првите чекори, семејните игри...
Бијонсе го започна концертот со мрежест костим со V-израз на деколтето од ателјето на италијанската модна куќа Версаче.
Подоцна таа облече и колоритно боди со дезен и декоративни елементи кои се карактеристични за Версаче.
Во рамките на турнејата, Бијонсе и Џеј Зи ќе настапат во повеќе градови во САД. Исто така, ќе отпатуваат и за Торонто, а завршните концерти ќе бидат одржани во Париз.