Бритни Спирс сними забавна семејна фотосесија за „People“. Музичката ѕвезда релаксирано позираше покрај двата сина Џејден Џејмс и Шон Престон и новиот љубовен партнер Чарли Еберсол, во големиот двор на својата куќа.
„Никогаш не сум била посреќна... Благословена сум“ – изјавила популарната пејачка, која во моментов е посветена на семејството и нејзините настапи во „Planet Hollywood“ во Лас Вегас.


Без оглед на многуте ангажмани на професионален план, Спирс вели дека секогаш наоѓа време за своите најмили. „Децата ми се на прво место во животот“ – вели таа.

33-годишната пејачка и 32-годишниот продуцент ја започнаа својата врска пред шест месеци. „Имаше нешто кај него што правеше да се чувствувам спокојно и слободно. И беше навистина жежок. Неодоливо згоден“ – рекла таа.
„За мојот роденден направивме вафли на подот, имаше и свеќи, а тој ми донесе вистинска прекрасна торта и прекрасен подарок кој го чувам на ѕидот. Една од моите омилени песни е Thank U од Аланис Морисет, па тој го постави текстот на песната во долга рамка“ – раскажала Бритни за романтичниот гест на Еберсол.



Иако има два неуспешни брака зад себе, Бритни вели дека би сакала повторно да застане пред олтар. „Би сакала. Верувам во бајки“ – рекла таа.
