Бритни Спирс и Сем Асгари се селат во нов дом.
Младенците купија куќа во Калабасас во вредност од речиси 12 милиони долари. Имотот од над 1.000 квадратни метри се наоѓа во близина на домот во кој живее поранешниот сопруг на Бритни, Кевин Федерлајн, со нивните синови Шон и Џејден.
Бритни и Сем стапија во брак во петокот, но на свадбата не беа присутни нејзините деца. Според изјавата на нивен претставник, тие биле многу среќни за нивната мајка, но не сакале да го одвлекуваат вниманието од неа.
„Тие се среќни за мајка им и се надеваат дека Сем и Бритни ќе имаат одлична заедничка иднина. Тоа е нивна вечер и не сакаа да им го одземат тоа“ – стои во изјавата.