Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Тимберлејк мислел дека одлуката Бритни да абортира ќе остане тајна засекогаш

Џастин Тимберлејк мислел дека одлуката Бритни да абортира ќе остане тајна засекогаш

Џастин Тимберлејк нема намера јавно да зборува за одлуката поранешната девојка Бритни Спирс да го абортира нивното заедничко дете.

Според извори на The Daily Mail, 42-годишниот пејач мислел дека прекинувањето на бременоста на Бритни во 2000 година ќе биде нивна тајна засекогаш.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс

„Џастин мислеше дека одлуката која ја направија беше заедничка одлука и имаше намера никогаш да не зборува за тоа и да биде чувано како тајна засекогаш.“

„Сега, кога Бритни го спомна тоа и ќе живее вечно во нејзината книга, а и што и да одлучи друго да сподели, Џастин ќе се обиде да не вели ништо во врска со тоа, бидејќи знае дека што и да каже од оваа точка, ќе биде свртено против него.“

„Џастин не сака да застане на патот на нејзината приказна и по секоја цена гледа да го избегне тоа“ – рекол изворот на британскиот медиум.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс

Според други извори, книгата била кошмар за Џастин и за неговото семејство. Негов долгогодишен пријател за американскиот The Sun изјавил:

„Немам појма дали некогаш му спомнал за абортусот на Џесика, бидејќи Џастин не дискутира за врската со Бритни со пријателите. Оваа книга е кошмар за него и го фрли целото негово семејство во хаос. Тајмингот боде исто колку и самото признание“.

Бритни во својата книга „The Woman In Me“ пишува дека забременила на 19-годишна возраст, но дека абортирала, бидејќи Џастин не сакал да има дете. Славната пејачка откри и дека Џастин ја имал изневерено повеќепати.

„Тоа беше изненадување, но за мене, не беше трагедија. Многу го сакав Џастин. Секогаш очекував дека еден ден заедно ќе имаме семејство. Ова ќе беше многу порано одошто очекував.“

„Тој рече дека не сме подготвени да имаме бебе во нашите живот, дека сме премногу млади. Сигурно луѓето ќе ме мразат поради ова, но се согласив да немаме бебе“ – напиша таа.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс

Бритни и Џастин беа во врска од 1999 до 2002 година.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.