Џејден Џејмс (17) и Шон Престон (18) за првпат беа видени и фотографирани од папараците по нивното преселување во Мајами со татко им Кевин Федерлајн.
Пораснатите синови на Бритни Спирс се забавуваа и пловеа на СУП даска за време на посета на плажа на Хаваи со поранешниот сопруг на славната пејачка. Дестинацијата којашто тие ја посетија честопати е избор на Бритни за нејзините одмори.








На дел од фотографиите се и полусестрите на Џејден и Шон.


Бритни и Кевин се верија во јули 2004 година по три месеци врска, а стапија во брак во септември истата година. Поголемиот син Џејден се роди во септември 2005 година, а помалиот во 2006 година. Два месеци по раѓањето на второто дете, таа поднесе документи за развод.
Федерлајн има целосно старателство врз децата од 2007 година. Тој сега е во брак со поранешната одбојкарка Викторија Принц и заедно имаат две ќерки. Целото семејство се пресели во Мајами летово.





