Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената Кејт Винслет елегантна во црвено во Лондон

ФОТО: Бремената Кејт Винслет елегантна во црвено во Лондон

Кејт Винслет нежно го галеше своето трудничко стомаче додека ги шармираше присутните на Лондонскиот филмски фестивал. Славната добитничка на Оскар блесна во елегантен црвен фустан од Џени Пекам на премиерата на својот најнов филм „Labor Day“.

Кејт Винслет Кејт Винслет

Винслет го очекува своето трето дете. Ова е прво дете на филмската ѕвезда од „Titanic“ со новиот сопруг Нед Рокенрол.

Кејт Винслет

Кејт неодамна сподели дека за разлика од многу други ѕвезди, нема да брза веднаш да се врати во форма по породувањето и дека рамниот стомак воопшто не е на врвот на нејзините приоритети. „Видете, имам 37 години. Имаме еден живот. Не сакам да си го потрошам времето размислувајќи за големината на мојот задник. Сакам да бидам колку што е можно поздрава и да се забавувам колку што е можно повеќе. Сакам да бидам со моите деца. Тоа е тоа. Тие ми се приоритетите, а не рамниот стомак“ – изјави таа на почетокот нa месецов за Hello!.

Кејт Винслет Кејт Винслет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.