Војвотката Кетрин изгледаше како вистинска шик дама на последното соло појавување во јавност пред породувањето.
Убавата сопруга на принцот Вилијам, која е во осмиот месец од бременоста, беше избрана за „кума“ на луксузен брод, па присуствуваше на официјалната церемонија по повод „крштевањето“.
„Го нарекувам бродот Royal Princess. Нека Господ го благослови и сите кои пловат на него“ – рекла Кетрин.
За свечениот настан Кетрин избра палто Hobbs со принт „далматинец“ кое беше распродадено неколку часови по настанот.
Ова е претпоследно појавување на војвотката од Кембриџ пред породувањето. Се очекува таа и Вилијам да присуствуваат на саботната традиционална церемонија „Trooping the Colour“.