Војвотката Кетрин и принцот Вилијам станаа родители. 31-годишната избраничка на Вилијам родила здраво момче, тешко 3,8 килограми.
Бебето се родило во 16.24ч. по локално време, а Вилијам бил присутен на раѓањето на нивниот син.
Се верува дека гордите родители не го знаеја полот на бебето до самото раѓање.
Кетрин се породила во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде принцезата Дијана го донесе на свет Вилијам во 1982 година.
Кетрин и Вилијам стапија во брак на 29 април 2011г. Во декември минатата година објавија дека го очекуваат своето прво дете.