Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева конечно го промовираа нивниот заеднички музички албум, насловен „Пола мене, пола тебе“.
Ѕвездата од филмот „Медена земја“ и македонската пејачка и водителка синоќа прославија на настан кој се одржа во Скопје.
Двете пријателки се појавија во елегантно издание. Атиџе носеше златен фустан, додека Сузана избра светкав фустан на преклоп.
Албумот ќе се продава по 500 денари, а средствата ќе бидат наменети за популарната одгледувачка на пчели.