Атиџе Муратова го посети Скопје каде се дружеше со Сузана Турунџиева.
Ѕвездата од „Медена земја“ и македонската пејачка и водителка ја посетија изложбата на Решат Амети, беа на шопинг, пиеја салеп и заедно запеаја во Даут-пашин амам.
„Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје... Атиџе - one and only“ – напиша Сузана на заедничките фотографии со Атиџе.
„Кога ти е Атиџе инспирација, и на турски ќе пропееш“ – стои во описот на видеото.
Турунџиева неодамна ја посети Атиџе во нејзиниот дом во Бекирлија.