Откако се поврзаа како пријателки, Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева заедно започнаа музичко патување.
Популарната пејачка, писателка и водителка ја објави првата песна со ѕвездата од „Медена земја“.
„Иста судбина“
„Пандемијата, сосе сите ограничувања и забрани што ни ги наметна, на сите ни проектира ИСТА СУДБИНА, ама не успеа да ни ја убие желбата за музика... За оваа музичка „судбина“ се заслужни Roberto Kentaur Pop Dimitrov, Ognen Nedelkovski и Valentina Kolevska... БЕСКРАЈНО благодарам за укажаната доверба и за песната во која многумина ќе се пронајдат... Иако официјално ќе ја промовираме во сабота во Штип, ја споделувам вечерва на овој прекрасен празник Свети 40 маченици Младенци - празник на младоста и љубовта!“ - пишува Турунџиева.