Анџелина Џоли организираше специјално прикажување на филмот „The Boy Who Harnessed the Wind“, кој од 1 март ќе биде достапен на Netflix.
На филмскиот настан, 43-годишната актерка и режисерка беше придружувана од своите шест деца: 17-годишниот Медокс, 15-годишниот Пакс, 14-годишната Захара, 12-годишната Шајло и 10-годишните близнаци Нокс и Вивиен.












Џоли учествуваше во панел дискусија со Чуетел Еџиофор, кој влезе во улогите на режисер и актер и Вилијам Камквамба, чија животна приказна го инспирираше создавањето на филмот.






