Анџелина Џоли и Бред Пит не поминуваат незабележани од будното око на папараците. Холивудскиот пар беше фотографиран на аеродром во Лос Анџелес заедно со шесте деца.
Џоли и Пит го напуштија Лос Анџелес со Пакс, Медокс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.



Популарната актерка, која пред три дена го прослави својот 40-ти роденден, носеше црно сако од Сен Лоран и патна торба од Луј Витон.



















„The Washington Post“ објави дека Џоли и Пит планираат да купат грчки остров за 4,7 милиони долари. „Енџи се заљуби во него. Ќе треба да се гради, но со таа цена, нема да имаат проблем да ја изградат вилата од соништата“ – рекол близок на големото семејство.