Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли занесно убава за „Elle“

ФОТО: Анџелина Џоли занесно убава за „Elle“

Анџелина Џоли умислено ги избегнува списанијата, но со наближувањето на премиерата на „Maleficent“, филмската ѕвезда вклопи во промотивната турнеја и едиторијал за „Elle“.

На црно-белите фотографии од едиторијалот „Untamed Heart“, 38-годишната актерка изгледа занесно убаво. Зад објективот стои Еди Слиман, креативниот директор на францускиот бренд Сен Лоран, па Џоли е облечена само во креации кои доаѓаат од таа модна куќа.

Анџелина Џоли

Во интервјуто за списанието, Анџелина зборувала за врската со Бред Пит и за нивните деца.

„Никогаш не мислев дека ќе имам деца, никогаш не мислев дека ќе се заљубам, никогаш не мислев дека ќе ја пронајдам вистинската личност. Кога доаѓаш од растурен дом, некако прифаќаш дека одредени нешта се како бајка и едноставно не трагаш по нив“ – изјавила таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

За врската со Бред Пит, таа коментирала: „Имаме многу исполнет живот и многу страсна врска. Сѐ уште сме многу изненадени што всушност сега сме позаинтересирани еден за друг одошто кога се сретнавме... Знаеме дека тоа е реткост.“

Во рамките на интервјуто, Џоли признала дека со Пит не размислуваат многу за свршувачката и дека постојано се под притисок од децата за да направат свадба. „Знаете што е смешно? Ние заборавивме дека сме свршени. Дури не ни знам колку време помина по свршувачката... Децата се многу возбудени за свадбата. Не можеме да им кажеме кога ќе биде и тие не знаат кога ќе биде... Знаат што е брак и го разбираат концептот на бракот. И им се допаѓа идејата Мама и Тато да стапат во брак“ – рекла таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.