Откако беше откриена веста дека е во блажена состојба, Жизел Бундшен беше пресретната од папараците додека пазаруваше во Мајами.
44-годишниот супермодел овој пат не го криеше трудничкото стомаче со широка облека. Таа носеше кратко црно фустанче кое ѝ го истакна стомачето.
Ова ќе биде трето дете на Жизел, а прво со сегашниот партнер Хоаким Валенте.
Таа има уште две деца од бракот со Том Брејди.