Почетна » Новости » Животни стории » „Сега на ништо не велам НЕ“: 20-годишната Изабела го победи ракот и ги сподели научените лекции од битката со болеста

„Сега на ништо не велам НЕ“: 20-годишната Изабела го победи ракот и ги сподели научените лекции од битката со болеста

Изабела Страхан несомнено е смела девојка со непоколеблив дух.

20-годишната девојка во јуни означи победа врз ракот, а сега сними фотосесија со својот татко, водителот Мајкл Страхан. Изабела позираше во креации од познати модни брендови како Balmain, Carolina Herrera и Louis Vuitton.

Во интервјуто, инспиративната студентка зборуваше за лекциите кои ги научи од битката со болеста и зошто повеќе не одложува ништо за „следната недела“.

Изабела Страхан

„Среќна сум што сум тука. Мислам дека оваа година ме направи посилна. Луѓето во мојот живот направија ова да биде пријатно. Сега не велам НЕ на ништо. Не помислувам: ‘Ќе го направам тоа следната недела’. Не знаеш како ќе изгледа следната недела“ – рекла Изабела, која ја добила дијагнозата и ја имала првата операција на само 19-годишна возраст.

„Отсекогаш бевме блиски како семејство, но изминатата година ни даде нова перспектива. На крајот од денот, најважното нешто се твоите деца, твојата фамилија, твојата мајка, твојот татко, твоите најмили – држи ги блиску до тебе, исто како и пријателите. Сега се будам секој ден и уживам во тој ден наместо да чекам да дојде следната недела, следниот месец или следната година“ – рекол Мајкл.

Изабела Страхан Изабела Страхан

Изабела ја добила дијагнозата медулобластом, малиген тумор на мозокот, откако ѝ се појавиле невообичаени симптоми. Најпрво, таа забележала дека не може да чекори праволиниски. Кога одела на прошетка со пријателите, тие ѝ велеле да не падне од планината. Докторите ѝ рекле дека има инфекција на увото, но тогаш таа започнала да повраќа крв.

По дијагнозата следувале три операции, шест недели зрачење и четири рунди хемотерапии. Изабела морала да научи како да оди и да зборува повторно и сè уште се бори со последиците од лекувањето. Таа сè уште гледа двојно и губи баланс.

„Во тоа време Изабела беше модел, лицето на Sephora. Беше здрава, убава. Беше нереално. Недела-две мислев дека ќе се разбудам и ќе сфатам дека е само лош сон, но потоа ќе сфатев дека започнува уште еден ден.“

„Кога ќе слушнеш дека твоето дете има рак, мораш да ги контролираш твоите мисли, бидејќи твојот мозок мисли на најлошото сценарио. Ако Изабела го немаше тој однос, таа енергија и позитивност за сето ова, мислам дека ќе беше десетпати потешко“ – рекол Мајкл.

Изабела Страхан Изабела Страхан

„Верувај дека нештата ќе се подобрат. Без разлика на сè, продолжи понатаму“ – пишува храбрата девојка, која се врати на студиите по новинарство и комуникации.

„Сега се чувствувам како да имам 50 години, со целото тоа животно искуство. Чувствувам како да пораснав на многу начини. Супер благодарна сум што повторно одам и зборувам. Не размислуваме за нештата кои можеме да ги правиме сè додека не треба да живееме без нив“ – рекла таа во интервјуто.

Мајкл го опишал како изгледало ова лошо искуство од гледната точка на родител.

„Дефинитивно беше тешко и болно за гледање. Се прашував колку брзо ќе се врати. За неа беше болно да стане од креветот и да се движи и да си ги прави неопходните работи. Како родител, честопати беше вознемирувачко да се гледа тоа. Но, низ целото ова патување, Изабела нè инспирираше и ни помогна преку начинот на кој се соочи со работите. Работеше напорно и имаше неверојатен дух. Сè уште е на пат за враќање на видот, балансот и телесната тежина.“

Изабела Страхан Изабела

„Тоа беше луда година. Мислам дека на долг рок ќе најдеме начин да извлечеме поука од сето ова. Процесот беше многу пострашен отколку што претпоставувавме, додека ја гледавме како излегува од операција и сите нешта кои требаше да научи одново да ги прави. Само се молевме сè да се врати во нормала.“

„Имаше моменти кога велевме: ‘Знам дека е болно и тешко, но ова е само привремено’. Минатата година е година која се надеваме дека ќе ја заборавиме, но истовремено ни покажа многу важни работи за нејзината личност и за начинот на кој бевме еден покрај друг како семејство.“

„Не сме првото семејство кое поминало низ ова и нема да бидеме последно. Но, ако можеме да помогнеме некако, се надеваме дека во одреден момент ќе има последно семејство“ – рекол тој.

Изабела Страхан Изабела Страхан

Дуото татко-ќерка има совет за сите кои се соочуваат со сериозни животни предизвици:

„Не се плашете да плачете, не се плашете да бидете емотивни и ранливи. Не се плашете да велите ‘Те сакам’. Не се плашете да кажете нешто што отсекогаш сте сакале да го кажете. Не се плашете да го кажете тоа, бидејќи можеби никогаш нема да имате уште една шанса да го кажете тоа. Која е поентата да не кажете нешто? Животот е прекраток“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18956 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.