Нина Добрев и Шон Вајт се верија.
34-годишната актерка доби романтичен предлог за брак од 36-годишниот сноубордер кој има освоено три олимписки злата. Парот се вери во Њујорк откако Шон смислил „лукав“ план за да ја намами Нина во ресторанот без таа да се посомнева што ѝ приготвува.
Тој ѝ испратил лажна покана за интимна вечера со Ана Винтур, уредничката на „Вог“. Но, кога Нина стигнала во ресторанот облечена во фустан од Chanel, таму биле само Шон и фотографот.
„Бев во шок. Само се замрзнав и зјапав во него. Тој ги кажа сите правилни работи“ – рекла ѕвездата од „Vampire Diaries“ за „Вог“.
Парот сподели фотографии од романтичниот момент и од дијамантскиот прстен од 5 карати од Lorraine Schwartz, а Нина напиша: „Почивај во мир дечко, здраво веренику“.
Добрев и Вајт започнаа да се состануваат во 2019 година, а се преселија во ист дом на почетокот од пандемијата со КОВИД.