Анџелина Џоли блесна на синиот тепих на Critics’ Choice Awards во Лос Анџелес.
Филмот „Unbroken“ беше номиниран во три категории, а самата Џоли беше номинирана за најдобар режисер. Иако славната актерка ја изгуби трката по наградата од Ричард Линклејтер (Boyhood), нејзината насмевка не исчезна во текот на вечерта.
За време на манифестацијата Џоли беше фотографирана додека разговараше со неколку свои колеги, меѓу кои Еди Редмејн и Итан Хоук со кого глумеше заедно во „Taking Lives“.