Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модата на Critics’ Choice Awards 2015

ФОТО: Модата на Critics’ Choice Awards 2015

Критичарите ги избраа најдобрите во филмската индустрија за изминатава година. Во Лос Анџелес се одржа манифестацијата Critics’ Choice Awards, која привлече плејада холивудски ѕвезди.

„Boyhood“ беше прогласен за Најдобар филм, а им донесе награди и на Патриша Аркет за Најдобра актерка во споредна улога, на Ричард Линклејтер за Најдобар режисер и на Елар Колтрејн за Најдобар млад актер.

„Birdman“ беше најноминиран филм од критичарите, а до крајот на вечерта освои дури седум награди. Мајкл Китон за улогата во „Birdman“ ги доби наградите Најдобар актер и Најдобар актер во комедија.

Според критичарите, „The Grand Budapest Hotel“ е победник во категоријата Најдобра комедија, Џулиен Мур е Најдобра актерка („Still Alice“), Џеј Кеј Симонс е Најдобар актер во споредна улога („Whiplash“).

На синиот тепих, дамите привлекуваа погледи со елегантни креации. Анџелина Џоли се појави во сребрен флуиден фустан од Версаче, Џенифер Анистон стави акцент на деколтето со помош на костум од Гучи, Емили Блант избра црвена тоалета од Емилио Пучи, Розамунд Пајк шармираше во бел фустан од Валентино, додека наградената Џулиен Мур ѝ го довери својот изглед на модната куќа Сен Лоран.

Погледнете како изгледаа дамите и оценете го нивниот стил:

Анџелина Џоли во Versace 
Анџелина Џоли во Versace

Џенифер Анистон во Gucci 
Џенифер Анистон во Gucci

Џесика Частеин во Antonio Berardi
Џесика Частеин во Antonio Berardi

Рис Витерспун во Lanvin 
Рис Витерспун во Lanvin

Ејми Адамс во Max Mara 
Ејми Адамс во Max Mara

Кира Најтли во Delpozo 
Кира Најтли во Delpozo

Џулиен Мур во Saint Laurent 
Џулиен Мур во Saint Laurent

Емили Блант во Emilio Pucci 
Емили Блант во Emilio Pucci

Даен Кругер во Naeem Khan 
Даен Кругер во Naeem Khan

Розамунд Пајк во Valentino 
Розамунд Пајк во Valentino

Фелисити Џонс во Dolce & Gabbana
Фелисити Џонс во Dolce & Gabbana

Марион Котијар во Dior 
Марион Котијар во Dior

Мишел Монаган во Elie Saab 
Мишел Монаган во Elie Saab

Џејми Чанг во Yanina Couture
Џејми Чанг во Yanina Couture

Лесли Ман во Reem Acra 
Лесли Ман во Reem Acra

Розарио Доусон во Vivienne Westwood 
Розарио Доусон во Vivienne Westwood

Мекензи Фој во Giulietta
Мекензи Фој во Giulietta

Андреа Рајсборо во Escada 
Андреа Рајсборо во Escada

Кармен Еџого во Emilia Wickstead
Кармен Еџого во Emilia Wickstead

Џени Слејт во Miu MiuЏени Слејт во Miu Miu

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.