Адријана Лима и Алесандра Амбросио ги презентираа милионските градници во Лас Вегас. „Ангелското“ дуо ги промовираше блескавите комплети кои наскоро ќе ги видиме на ревијата на Victoria’s Secret.
Инспирирајќи се од бојата на градникот со сафири кој чини 2 милиони долари, Лима носеше елегантен тегет фустан.
Амбросио пак позираше заводливо во долг фустан во боја на рубин од Дона Каран.
Оваа година за првпат на шоуто на Victoria’s Secret ќе има два скапоцени градници. Се шпекулира дека двете манекенки добија по еден градник од фантазиите заради тоа што планираат да ги прекинат своите договори со популарниот бренд за долна облека. Дали славните ангели ќе се збогуваат со VS, останува да видиме.