Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Тренирајте како ангел со Адријана Лима и Алесандра Амбросио

ВИДЕО: Тренирајте како ангел со Адријана Лима и Алесандра Амбросио

Ангелите на Victoria’s Secret на 2 декември ќе дефилираат во Лондон. Спектакуларното шоу е најгледаната ревија во светот, па разбирливо е што манекенките тренираат напорно за да ги извајаат своите тела до совршенство.

Адријана Лима и Алесандра Амбросио ќе ги носат најскапите костими на познатиот бренд – скапоцени комплети со градници од по 2 милиони долари.

Љубопитни сте да знаете со кои вежби ангелите со најдолг стаж се подготвуваат за големото шоу? Лима вежба со својот тренер Мајкл Олаџиде и покажува вежби за обликување на целото тело, додека Амбросио со тренерот Џастин Гелбенд покажува вежби за зацврстување на рацете.

Во истиот серијал видеа, Лима претходно ги откри своите вежби за зацврстување на јадрото, a Кендис Сванапул покажа како се тренира грациозно како балерина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.