Адријана Лима и Алесандра Амбросио во улога на новинарки се дел од Летните Олимписки игри кои оваа година се одржуваат во нивната татковина – Бразил. Атрактивните ангели на Victoria’s Secret изнајмија луксузни апартмани за да уживаат во прекрасниот Рио де Жанеиро.
Амбросио се релаксираше во стан со четири спални соби, четири бањи, сауна и приватен базен со поглед кон плажата во Ипанема.
Лима се смести во модерен стан, кој исто така има 4 спални соби и џакузи.