Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Адријана Лима и Алесандра Амбросио во градници од 2 милиони долари

ФОТО: Адријана Лима и Алесандра Амбросио во градници од 2 милиони долари

Секоја година Victoria’s Secret претставува по еден мултимилионски градник од фантазиите. Годинава за првпат познатиот бренд има два специјални градника со скапоцени камења кои чинат по 2 милиони долари.

Адријана Лима и Алесандра Амбросио ја добија честа да ги презентираат луксузните градници на екстравагантното шоу на VS.

Адријана Лима и Алесандра Амбросио

Двата комплети долна облека вклучуваат по 16.000 скапоцени камења, како рубини, сафири и дијаманти, и парчиња накит од 18-каратно злато.

Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио

И Лима и Амбросио веќе имаат искуство со вртоглаво скапи градници. Лима, која е ангелот со најдолг стаж во VS, носеше градник од 2 милиони долари и во 2010 година.

Адријана ЛимаЛима во 2010 година Адријана Лима

Амбросио беше избрана да носи градник од 2,5 милиони долари во 2012 година.

Алесандра АмбросиоАлесандра во 2012 година

Минатата година Кендис Сванапул го отвори шоуто на VS со градник од 10 милиони долари.

Кендис Сванапул Кендис минатата година

Скапоцените градници на Victoria’s Secret

Миранда KерАдријана ЛимаМариса МилерАдријана ЛимаСелита ИбенксКаролина КурковаЖизел БундхенТајра БенксХајди КлумКаролина КурковаХајди КлумЖизел Бундхен

2011

Миранда Kер го носи градникот „Fantasy Treasure“, кој чини 2,5 милиони долари, а е изработен од 3.400 скапоцени камења.

2010

Адријана Лима блескаше на пистата со градникот „Bombshell Fantasy“ од 2 милиони долари, 3000 бели дијаманти, светло сини сафири и овални топази.

2009

Мариса Милер ја имаше честа да го презентира градникот „Harlequin Fantasy“. Накитен со 2350 мали дијаманти и голем 16-каратен дијамант во форма на срце, беше објавено дека градникот чини 3 милиони долари.

2008

Адријана Лима во 2008 година зачекори на ревијата на VS со градникот „Black Diamond Fantasy Miracle“, кој вреди 5 милиони долари.

2007

Селита Ибенкс го носеше градникот „Holiday Fantasy“, изработен од дијаманти, рубини, смарагди и жолти сафири во вредност од 4,5 милиони долари.

2006

Каролина Куркова го презентираше градникот „Hearts On Fire Diamond Fantasy“, проценет на 6,5 милиони долари.

2005

Жизел Бундхен во 2005 година го презентираше градникот „Sexy Splendor Fantasy“, вреден 12,5 милиони долари.

2004

Тајра Бенкс беше моделот кој го облече градникот „The Heavenly "70" Fantasy“ со 3.000 дијаманти, вреден 10 милиони долари.

2003

Хајди Клум го покажа градникот „Very Sexy Fantasy“, вреден 11 милиони долари.

2002

Каролина Куркова го носеше градникот „Star of Victoria Fantasy“, кој беше проценето дека вреди 10 милиони долари.

2001

Хајди Клум на ревијата на VS го презентираше градникот „Heavenly Star“, вреден 12,5 милиони долари.

2000

Најскапото за на крај... Во 2000 година Жизел Бундхен ги претстави градникот и гаќичките „The Red Hot Fantasy“ од 15 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20804 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.