За Сандра Булок времето исто како да застанало. Иако наскоро ќе влезе во шестата деценија од животот, харизматичната актерка изгледа одушевувачки.
49-годишната филмска ѕвезда мамеше погледи на премиерата на филмот „Gravity“ во рамките на Лондонскиот филмски фестивал. За свечениот настан Булок избра мини фустан со чипка од Стела Мекартни и црни обувки од брендот Charlotte Olympia.
На премиерата беше присутен и режисерот на „Gravity“, Алфонсо Куарон, но на црвениот тепих не се појави Џорџ Клуни кој заедно со Булок од крајот на август го промовира популарниот филм.