„Paramount Pictures“ го објавија официјалниот трејлер за филмот „The Lost City“.
Новата акциона комедија ќе ве расположи, а во главните улоги се појавуваат Сандра Булок и Ченинг Тејтум.
Филмот ја следи приказната за авторката Лорета Сејџ (Булок) и згодниот Ален (Тејтум), кој е модел за кориците на нејзините книги.
Лорета ќе биде куднапирана од страна на ексцентичен милијардер (Даниел Редклиф), кој се надева дека таа ќе може да го одведе до скриено богатство во изгубен антички град.
Откако Ален нема да успее да ја спаси Лорета, се појавува нов лик (Бред Пит) и ги спасува и двајцата.