Почетна » Новости » Шоу-бизнис » People: Сандра Булок е најубавата жена на светот за 2015

People: Сандра Булок е најубавата жена на светот за 2015

Сандра Булок ја доби титулата Најубава жена на светот од списанието People. 50-годишната актерка изјавила дека убавината не се крие во надворешниот изглед.

Сандра Булок

„Вистинската убавина е дискретна... Биди добра личност, биди добра мајка, справувај се добро со готвењето ручек, дозволи да ти го пресече патот некој што изгледа како да се брза повеќе од тебе. За мене најубави луѓе се оние кои не се трудат“ – изјавила Булок.

Сандра Булок

Холивудската ѕвезда која е мајка на 5-годишниот Луис, споделила дека најубавите комплименти ги добива токму од нејзиниот син. „Го легнував да спие и му реков дека сè уште ќе го сакам и дека ќе сакам да го завивам пред спиење и кога ќе бидам стара, седа и со повеќе брчки. Тој ме праша зошто имам брчки, а јас му одговорив: Па, се надевам дека некои од нив се од многу смеење. Тој ми го допре лицето и рече: Не си стара, ти си среќна“ – раскажала таа.

Минатата година Лупита Нионго беше прогласена за најубава личност, а во претходните години истата титула им припаѓаше на Гвинет Палтроу (2013), Бијонсе (2012) и Џенифер Лопез (2011).

Лупита Нионго Гвинет Палтроу Бијонсе Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.