Помалиот син на Бритни Спирс се заљуби. 17-годишниот Џејден беше фотографиран на плажа на Хаваи со својата девојка.
Младиот пар уживаше под топлите сончеви зраци и се разладуваше во бистрите води.









Тие беа во друштво на неговиот татко Кевин Федерлајн и неговата сопруга Викторија.









Бритни и Кевин се верија во јули 2004 година по три месеци врска, а стапија во брак во септември истата година. Поголемиот син Шон се роди во септември 2005 година, а помалиот во 2006 година. Два месеци по раѓањето на второто дете, таа поднесе документи за развод.
Федерлајн има целосно старателство врз децата од 2007 година. Тој сега е во брак со поранешната одбојкарка Викторија Принц и заедно имаат две ќерки.
На новогодишната вечер, Бритни сподели стари фотографии со двата сина.


