Сајмон Кауел е заслужен за откривањето и издигнувањето на многу музички ѕвезди и бил во центарот на повеќе популарни шоуа, а сега и самиот тој доби ѕвезда на холивудската Патека на славните.
58-годишниот строг „судија“ и продуцент ја прими својата ѕвезда за време на церемонија на која присуствуваа неговата сакана Лорен Силвермен, нивниот син Ерик и нејзиниот син од претходен брак.
„Лорен, ти беше моја потпора во изминативе години. Единственото нешто на кое мислев денес е кој би бил најсреќен од ова, а тоа се моите мајка и татко, кои не се меѓу нас. Чувствувам дека гледаат надолу кон нас. А сега јас гледам кон мојот син Ерик и си велам дека можеби еден ден тој ќе добие една од овие ѕвезди. Изминативе 18 години беа фантастични. Ако некој вели дека славата е лошо нешто, не знам што зборува, затоа што тоа е најдоброто нешто на светот“ – рече тој во својот говор.
Сајмон беше во жирито на многу риалити шоуа меѓу кои и „Pop Idol“, „The X Factor“, „Britain's Got Talent“, „American Idol“, „The X Factor“ и „America's Got Talent“. Тој стои зад издигнувањето на музички ѕвезди како Кели Кларксон, Леона Луис и One Direction.