По 8-годишна љубовна врска, Сајмон Кауел ѝ предложи брак на Лорен Силверман.
62-годишниот судија од „The X Factor“ се вери со неговата 44-годишна девојка за време на божиќно патување во Барбадос, каде што првпат се запознале. Британецот, кој во минатото изјавуваше дека не верува во брак, ја запросил Лорен пред нивниот 7-годишен син Ерик и 16-годишниот син на Лорен, Адам.
„Лорен беше апсолутно вчудовидена и никогаш ни во милион години не би очекувала Сајмон да ја побара за жена. Таа плачеше од среќа и веднаш рече ‘да’“ – рекол извор на The Sun.
„Двајцата се пресреќни. Заедно се долго време и се обожаваат еден со друг, па за нивните блиски пријатели ова не е големо изненадување“ – рекол пријател на парот за People.
Романсата на парот стигна до очите на јавноста во 2013 година откако беше објавено дека Лорен е бремена од Сајмон. Во февруари 2014 година тие му посакаа добредојде на овој свет на синот Ерик.