Емотивниот настап на Џош Даниел разбуди многу чувства кај публиката на британското шоу „X Factor“, а не го остави рамнодушен ниту Сајмон Кауел.
Строгиот судија не успеа да ги задржи солзите откако ја слушна баладата „Jealous“ отпеана од Даниел. 21-годишниот натпреварувач објасни дека ја избрал песната во чест на својот најдобар пријател кој починал пред 3 години и дека текстот за песната за него има поинакво значење.
Аудицијата била одржана кратко време по смртта на мајката на Кауел, па најверојатно тоа е причината што тој беше толку трогнат од настапот.

Емоциите ја надвладеаја и Шерил Фернандез-Версини, која му подари прегратка на талентираниот изведувач.
