Сајмон Кауел, познатиот судија од „American Idol“ и „The X Factor“, ќе стане татко.
Лорен и Ендрју подолго време имале проблеми во бракот и откако ја прекинале врската, нејзиното пријателство со Сајмон се претворило во романса.
Според информациите до кои дојде Us Weekly, Лорен планира да го напушти Ендрју за да биде со Сајмон.
Во текот на изминативе години, Сајмон, Лорен и Ендрју многупати биле заедно на луксузни патувања со јахта.
Пред четири години Сајмон остро беше против идејата да има деца. „Боже, не. Не би можел да имам деца. Ако ги имам тука да цртаат по ѕидовите, ќе полудам. Мораш да бидеш буден во одредено време. Мораш да слушаш, кога сè што сакаш е да седиш во аголот и да размислуваш“ – изјавил тој во 2009 година.
Сепак, во април минатата година тој го омекна ставот за потомство. „Навистина сакам деца, затоа што можеш да разговараш со нив и да ги слушаш. Проблемот отсекогаш бил што треба да им посветиш многу време за да ги израснеш, а јас секогаш ѝ го посветував целото време на работата. И на 52 години, најверојатно јас си ја пропуштив можноста“ – рекол тој.
Идните родители сè уште ја немаат потврдено веста за бременоста.