Сторијата и настапот на Мајкл Кетерер разбудија силни емоции кај публиката и жирито на „America's Got Talent“ и го поттикнаа Сајмон Кауел да го притисне „златното копче“.
Талентираниот пејач раскажа дека со неговата сопруга имаат шест деца. Пет од децата се посвоени, а биле спасени од многу тешки ситуации. Едно од нив има церебрална парализа.
„Моите деца доаѓаат од установи за згрижување, а кога преживуваш, не можеш да сонуваш. Па, јас сум тука за да им покажам дека ако нивниот татко може да ги живее неговите соништа, ништо не е невозможно за нив“ - рече тој пред да настапи со емотивна верзија на „To Love Somebody“.