Роби Вилијамс бавно, но сигурно се враќа на музичката сцена. Песните од неговиот осми соло албум, насловен „Reality Killed the Video Star“, една по една стануваат хитови. Започнувајќи со популарната „Bodies“, Роби покажа дека не планира лесно да го отстапи своето место во музичкиот шоу-бизнис.
Деновиве беше премиерата на спотот на прекрасната балада „Morning Sun“, во кој што Роби влегува во улогата на патник во вселената. Спотот е режиран од Vaughan Arnell, истиот режисер кој ги создаде спотовите на „Angels“, „Feel“ и „Bodies“.