За време на паузата од турнејата „Diamonds“, Ријана го посети егзотичниот Тајланд и веднаш сподели со своите обожаватели на Twitter и Instagram фото-докази од својата авантура.
На фотографиите таа позира во различни костими за капење, гордо покажувајќи ја својата привлечна фигура.
Но, една од фотографиите ѝ го привлече вниманието на тајландската полиција и беше искористена за апсењето на две лица. Станува збор за фотографијата на која Ријана позира со слатко животинче „slow loris“ (бавен лорис). Животното со големи очи е на листата на заштитени видови, па полицијата ги уапсила двете лица кои им нуделе на туристите да се фотографираат со него.
Полицијата објавила дека одзела две животни и дека двете лица може да бидат обвинети за поседување на заштитени животни и да добијат до 4 години затвор и парична казна од 1.300 долари.
Погледнете низ албумот на Ријана од Тајланд:
По Тајланд, Ријана се упати во Сингапур каде ја продолжува светската турнеја.