Ријана беше екстравагантна домаќинка на хуманитарниот „дијамантски“ бал кој го организираше по четврт пат. Целта на свеченоста е собирање на средства за „The Clara Lionel Foundation“, фондацијата која таа ја основаше во чест на баба си Клара и дедо си Лајонел.
Музичката ѕвезда се појави на њујоршкиот настан облечена во бела креација од високата мода на Alexis Mabille. Вечерниот стајлинг таа го надополни со впечатлив скапоцен накит од Chopard.