Нина Бадриќ освојуваше со шарм и харизма на настан во Загреб организиран од списанието Gloria и Фондацијата Марин Чилиќ.
52-годишната пејачка изгледаше младолико во бела креација која ги истакна нејзините тонирани нозе. Фустанот е дело на дизајнерката Ивана Билиќ.
На сцената, Бадриќ ја изведе својата нова песна „Моји људи“, како и „Без тебе“ од Оливер Драгојевиќ.
Во неодамнешно интервју, Нина изјавила дека во денешно време привилегија е да остариш.
„Не можам да бидам жена од 20 години. Јас сум жена на свои години, 52 години и не можам да глумам девојка од 20 и нешто години. Можам да одам кај естетски хирург, да си ја оперирам устата, да си го затегнам лицето, да направам сè живо по телото, но јас и понатаму ќе зрачам како жена на мои години. Ќе изгледам, така мислам, полошо отколку што изгледам сега. Да се остари е привилегија. Денес, кога луѓето умираат млади, да се остари е голема привилегија“ – рекла таа.