Мила Кунис и Ештон Кучер уживаа на лежерна прошетка во Лос Анџелес.
Холивудските актери, кои заедно глумеа во серијата „That 70’s Show“, беа фотографирани со пријателка во Грифит парк.
Ова е едно од ретките појавувања во јавност на славниот пар по апсењето на неговиот пријател Пи Диди, кој е обвинет за сексуална трговија и физичко малтретирање на бившата девојка.
Мила и Ештон имаат две деца - синот Димитри и ќеркичката Вајат.