Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасни луѓе го спасија Божиќ откако беа украдени играчки од 40 илјади долари за деца од ранливи категории

Прекрасни луѓе го спасија Божиќ откако беа украдени играчки од 40 илјади долари за деца од ранливи категории

Некои приказни го будат празничниот дух и ни ја враќаат вербата во човештвото.

Таква приказна за заедница од Лос Анџелес се шири низ светот. Откако биле украдени играчки вредни 40 илјади долари наменети за деца од ранливи категории во Креншо, целата локална заедница се здружи за да го спаси Божиќ. Прекрасни луѓе донираа стотици играчки за да го зачуваат жив празничниот дух.

Играчки

Украдените играчки биле купени од семејството Хенли, кое има непрофитна организација и кое 20 години наназад собира средства, купува играчки и им ги подарува на децата за празниците.

„Лудост е да се помисли дека некој ќе украде играчки и ќе го украде Божиќ“ – рекол Хенли, кој ја води организацијата.

Тој мислел дека 20-годишната традиција ќе пропадне оваа година, но за среќа се случило божиќно чудо кога камион полн со играчки се појавил пред неговиот дом.

„Ова е божиќно чудо“ – рекол еден човек присутен на настанот.

„Ова е одлично спасување. Одлично спасување од заедницата, бидејќи ние немавме играчки. Многу сум среќен“ – рекол Хенли.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.