Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина филмската легенда Елизабет Тејлор

Почина филмската легенда Елизабет Тејлор

Холивудската икона Елизабет Тејлор почина денес во Лос Анџелес на 79-годишна возраст. Покрај неа на смртната постела биле нејзините четири деца.

Поради проблеми со срцето, пред шест недели таа беше примена во болница во Лос Анџелес каде што и почина во мир.

„Иако неодамна кај неа се појавија неколку компликации, нејзината состојба беше стабилна и се надевавме дека ќе биде во можност да се врати дома. За жал, не се случи тоа“ – изјавил нејзиниот гласноговорник.

Елизабет Тејлор

Неверојатната Тејлор беше и ќе остане една од најгламурозните, најуспешните и најталентираните актерки на Холивуд. Нејзината филмска кариера, која траеше повеќе од половина век, и нејзиниот љубовен живот го привлекуваа вниманието на многу генерации.

Во текот на својот живот Лиз доби два престижни Оскари за Најдобра актерка и бројни други награди, но не само за нејзините актерски способности, туку и за нејзината добродушност и работа во борбата против СИДА-та.

Никој нема да ги заборави улогите на Тејлор во филмовите „National Velvet“, „Butterfield 8“, „Who's Afraid of Virginia Woolf?“ и „Cleopatra“.

Прекрасната Елизабет зад себе остави осум бракови, од кои два со познатиот Ричард Бартон.

Елизабет Тејлор

„Јас сум пресреќна што во животот успеав да почувствувам голема љубов и се разбира, што сум привремен сопственик на некои извонредни и убави нешта. Но, никогаш не сум се почувствувала пожива од тогаш кога ги гледам моите деца како се радуваат на нешто, никогаш не сум се почувствувала пожива од моментот кога гледам голем артист како настапува и не сум се почувствувала побогата од тогаш кога добив дебел чек за да се борам со сидата“ – неодамна изјави Елизабет за списанието Harper's Bazaar.

Елизабет Тејлор Елизабет Тејлор

„Мојата мајка беше неверојатна жена која го живееше животот со голема страст, хумор и љубов. Иако нејзината загуба е ужасна за сите нас на кои ни беше блиска и мила, ние секогаш ќе бидеме инспирирани од нејзиниот продолжителен придонес кон нашиот свет. Ние знаеме, едноставно, дека светот е подобро место за живеење затоа што мама живееше во него. Нејзиното наследство никогаш нема да исчезне, нејзиниот дух секогаш ќе биде со нас и нејзината љубов засекогаш ќе живее во нашите срца“ – пишувало во соопштението од нејзиниот син Мајкл Вилдинг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.