Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Колекцијата накит на Елизабет Тејлор постигна рекорд

ФОТО: Колекцијата накит на Елизабет Тејлор постигна рекорд

Легендарната колекција накит на незаборавната Елизабет Тејлор беше продадена на аукција за рекордни 116 милиони долари. 80 парчиња накит со скапоцени камења постигнаа светски рекорд за најскапа приватна колекција накит.

Иако беше проценето дека импресивната колекција ќе биде продадена за 20 милиони долари, крајната цена неколкупати ги надмина очекувањата на експертите. Уште кон средината на аукцијата колекцијата на Тејлор го надмина претходниот светски рекорд за поединечна колекција накит, поставен во 1987 година кога колекцијата на војвотката од Виндзор беше продадена за повеќе од 50 милиони долари.

Највисока цена достигна ѓерданот „La Peregrina“, изработен од рубини, бисери и дијаманти, кој во центарот има голем бисер во форма на круша пронајден во 16 век. Ѓерданот, продаден за 11,8 милиони долари, ѝ беше подарок на Елизабет од нејзиниот сопруг Ричард Бартон. Финалната цена постави и нов светски рекорд за најскапо парче накит од бисери.

Елизабет ТејлорЕлизабет Тејлор: лево со дијамантската тијара од Мајк Тод, а десно со ѓерданот „La Peregrina“ од Бартон

Уште еден рекорд постигна дијамантската тијара, подарок од третиот сопруг Мајк Тод, која се продаде за 4,2 милиони долари.

Дијамантската тијара, подарок од третиот сопруг Мајк Тод

Прстенот со 33-каратен дијамант, кој Ричард Бартон ѝ го подарил на познатата актерка, беше продаден за 8,8 милиони долари.

La PeregrinaLa Peregrina Прстенот со 33-каратен дијамантПрстенот со 33-каратен дијамант
Ѓердан BulgariЃердан, нараквица и обетки од дијаманти и смарагди од италијанската куќа „Bulgari“ – подарок од Ричард Бартон Комплет со рубини и дијаманти
Бурмите со дијаманти од Ричард БартонБурмите со дијаманти од Ричард Бартон Прстен од дијаманти и рубин од 8,24-каратиПрстен од дијаманти и рубин од 8,24-карати
Ѓердан со сафири

Елизабет Тејлор почина во март оваа година. Голем дел од приходите од аукцијата ќе завршат на сметката на нејзината фондација за борба против сидата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.