Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Колекцијата накит на Елизабет Тејлор вреди 150 милиони долари

Колекцијата накит на Елизабет Тејлор вреди 150 милиони долари

Елизабет Тејлор беше страсна обожавателка на скапоцените камења, а мажите во нејзиниот живот со задоволство ѝ подаруваа прекрасни дијаманти, сафири, рубини, смарагди и бисери.

Раскошната колекција накит на холивудската легенда е проценета на 150 милиони долари.

Елизабет Тејлор Елизабет Тејлор

Во 2002 година, за време на интервју со Барбара Волтер, Елизабет покажа дел од нејзината фантастична колекција. Меѓу најинтересните и најскапите парчиња накит на холивудската дива се 29-каратниот дијамантски прстен кој ѝ го подарил сопругот Мајк Тод, 33-каратниот дијамантски прстен од Ричард Бартон и 70-каратниот скапоцен камен во форма на круша, исто така од Бартон.

Елизабет ТејлорЕлизабет Тејлор го покажува дијамантскиот прстен од Бартон

Поголем дел од неповторливите накити во колекцијата на Лиз се од нејзините седум сопрузи. Кога во интервјуто Барбара ја запраша Тајлор дали новите мажи во нејзиниот живот се љубоморни кога таа носи накит од претходните сопрузи и како се справува со тоа, прекрасната актерка одговори дека навистина се љубоморни, а дека таа само ги поттикнува да ѝ подаруваат уште повеќе.

Елизабет Тејлор Елизабет Тејлор

Во неколку наврати, гламурозната Тејлор имаше изјавено дека убавите скапоцени камења и накитот никогаш никој не ги поседува, туку сите луѓе што ги имаат се привремени чувари додека не бидат предадени на следната генерација.

Љубовта на Елизабет кон скапоценостите ја поттикна и самата таа да дизајнира неколку префинети парчиња накит.

Погледнете дел од неверојатната колекција во репортажа на ABC.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.