Холивудскиот актер Хју Грант призна дека благодарение на тоа што бил пијан, купил слика која што му донела цело богатство.
Станува збор за портретот на Елизабет Тејлор, кој по 6 години од купувањето му донесе профит од цели 11 милиони фунти.
Сликата е дело на уметникот Andy Warhol и е еден од неговите 12 портрети на Елизабет Тејлор. Хју Грант фамозната слика ја купил во 2001г. за
2 милиони фунти, а ја продал во 2007г. за цели 13 милиони.
Со ова Грант покажа дека понекогаш вреди едноставно да ѝ се препуштиш на судбината.