Заедно со новиот албум ARTPOP, Лејди Гага промовира и нов имиџ. Ексцентричната пејачка, која ги обожава трансформациите во надворешниот изглед, ја остави во минатото „тешката“ шминка, додаде пирс на носот, ги осветли веѓите и се одлучи за нова црна боја на косата.
27-годишната поп-ѕвезда планира големо враќање на музичката сцена по неколкумесечното отсуство поради операција на колкот.
Првиот сингл од албумот ARTPOP ќе биде објавен на 19 август, а веќе е познато дека е насловен „Applause“.
Фановите на Гага ќе имаат можност да го проследат нејзиниот прв настап по паузата на 25 август, за време на доделувањето на MTV видео музичките награди.