Лејди Гага го објави музичкото видео за првиот сингл од својот нов албум. Видеозаписот за „Applause“, режиран од фотографското дуо Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин, е исполнет со чудни сцени, како што и се очекува од 27-годишната пејачка.
„Додека снимавме, испробавме многу различни изгледи за ова видео. Секој од нив претставува различен дел од мене, како и мојата опсесија со трансформирањето“ – изјави таа во интервју во емисијата Good Morning America.
Гага за првпат ќе ја исполни „Applause“ во живо за време на отворањето на MTV Video Music Awards на 25 август.