Се чини дека несреќното „истекување“ на синглови кои вирално се шират на интернет ја погоди и популарната Лејди Гага.
Хакерите очигледно одлично ја завршија својата работа откако го пуштија на интернет првиот водечки сингл од претстојниот нов албум на Лејди Гага, „ARTPOP“.
Откако песната „Applause“ беше објавена нелегално минатата седмица, Гага одлучи официјално да им ја претстави на фановите финалната верзија една седмица порано од планираното.
Песната е резултат на заедничка соработка помеѓу Лејди Гага и DJ White Shadow, а ќе биде изведена за првпат во живо на 25 август за време на MTV Video Music Awards.